петок, 26 јули 2024
Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Растат притисоците врз Таравари, а Ковечевски се прави дека не знае ништо

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешните изјави на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој рече дека би било политички феномен да падне техничката влада чија улога е да организира демократски избори. Од опозициската партија велат дека растат притисоците врз лидерот на Алијанса за Албанците и дека е феномен што ДУИ со само 13 пратеници има премиер.

Објавено на

часот

Сподели

„Ковачевски повторно пробува да глуми дека ништо не знае, додека истовремено, секој ден сѐ повеќе се интензивираат притисоците врз Таравари, а вчера беа сменети и двајца директори на оваа партија.

Не знае ни за физичкото насилство врз членовите на Алијанса за Албанците, не знае ни за куршумот пред домот на Таравари, а денеска не ја знаел ни причината за смената на двајцата директори.

Ковачевски две години помина во незнаење и ништо, премолчување на криминалните бизниси на ДУИ и освен што стана приврзок на ДУИ, со друго нема што да се пофали.

Светски феномен е и партија која има 13 пратеници, да добие премиерско место, но ете се случи и тоа.

Сѐ поголем е стравот од пораз на СДС и ДУИ, како се ближат изборите, каде граѓаните ќе ги пратат во историјата, но и пред лицето на правдата“, се вели во партиската реакција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ