понеделник, 4 март 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Работната група за уставни измени како општинска организација на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Кога во врвот на списокот на СДС е Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров. Александар Наумовски јасно е колку таа работна група навистина е експертска и независна. Одиме со ред.

Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска е судијата кој им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој тежи куќа во гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје.

Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогогидишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита Цаца Николовска, кадар на СДС од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур.

Бајрам Положани, дежурен поддржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци.

Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа.

По мерка на СДС е и Јагода Митревска, која нагласува дека има искуство од набљудување на кампањи во Русија. Па така стигна од набљудувач на кампањи во Русија до креатор на уставни измени во Македонија.

На листата експерти на СДС се најдоа и нивните дежурни поддржувачи во дебатните емисии како Марија Пандевска и Јетон Шасивари.

Составот на работна група е доказ дека СДС и ДУИ не уживаат никаква поддршка за своите политики во стручната јавност, па морале да вадат партиски луѓе кои ги користат како дежурни напаѓачи врз ВМРО-ДПМНЕ, поранешни функционери и луѓе со контроверзни ставови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ