сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат крвавите пресметки на криминалните кланови на Спасовски, Заев и Ковачевски

Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија? Убиството кое се случи вчера е продолжение на крвавата нарко пресметка на клановите чии грозоморни убиства започнаа во времето кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Застреланиот го нашол братот полицаец чие име се споменува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А, јавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ.

Срамно е и се граничи со лудост да се пушта соопштенија каде СДС го обвинува Тошковски за расветлување на убиство кога се знае дека тие нарко кланови претходно се пушкараа среде Скопје, се убиваа и брутално егзекутираа, а во исто време седеа во скутот на Спасовски.

За сите други прашања СДС нека се обрати до нивниот заменски министер во МВР Бојмацалиев, кој веројатно не е зафатен со свечен пречек на пасоши или пак со долг сервилен разговор со неговиот шеф во сенка Оливер Спасовски“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ