четврток, 26 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали изнудените 180 илјади евра од скопски бизнисмен завршиле во кампањата за Пендаровски

Вистинско прашање е кој бизнисмен би дал 180.000 евра на некој кој што само се претставува како вработен во АНБ и верува ли некој во првичното соопштение на Јавното обвинителство (ЈО), дека рекетарот само лажно се претставувал, рече денеска во одговор на новинарско прашање портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој уште кажа дека во Македонија можеби се одвива најтежок заговор против изборите со можна злоупотреба на најмалку две високи државни институции, Претседател на државата и Агенцијата за разузнавање (АР). Претходно денеска Јавното обвинителство соопшти дека покренало истрага против едно лице кое лажно се претставувало дека е вработен во АНБ и така од скопски бизнисмен изнудил 180 илјади евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Како рекетарот го убедил бизнисменот дека има врска со АНБ, за да нема друг избор и да му даде 180.000 евра во пари, накит и автомобили? И тука доаѓаме до следното, каде требало да завршат парите? Дали рекетарот се претставувал во име на Заре Милошевски, директор на АНБ и Миле Зечевиќ? Влетува ли и АНБ во листата институции поврзани со Асаф Еисин и фалсификување на документи и фалсификување на потписи? Дали овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Еисин за ангажманот за СДС? Дали и рекетираните пари во име на АНБ, требале да завршат кај него“, праша Стоилковски додавајќи дека ова се случува во време кога нема одговор за злоупотреба на Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу, за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски и за СДСМ со фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски посочи дека „ова е доказ зошто СДСМ мора да си замине од власт идека никој не е безбеден со оваа криминална власт“.

„Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Иднината е во рацете на народот“, посочи Стоилковски.

Претходно денеска Јавното обвинителство соопшти дека покренало истрага против едно лице кое лажно се претставувало дека е вработен во АНБ и така од скопски бизнисмен изнудил 180 илјади евра.

„Претставувајќи се како вработен во АНБ и посредник за исплата на долг, осомничениот на оштетениот 54-годишник, управител на фирма, му вршел притисоци со закани за неговиот и животот на неговото семејство, па во повеќе наврати му земал пари, три автомобили, два мобилни телефони, златни прстени и друг накит“, соопштија од Обвинителството.

На денешната прес конференција Стоилковски уште кажа дека во Македонија можеби се одвива најтежок заговор против изборите со можна злоупотреба на најмалку две високи државни институции, Претседател на државата и Агенцијата за разузнавање (АР).

„Постои основано сомневање дека делува мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ, а зад ова седат Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач и сега генерален секретар Миле Зечевиќ, како и мешетарот Асаф Еисин. Следејќи ги фактите, веројатноста е дека посредник е Миле Зечевиќ, поранешен разузнавач, сега генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се  Стево Пендаровски, поранешен полициски службеник, сѐ уште претседател на држава и кандидат на СДС за претседател, а вклучен е и Еролд Муслиу, лице од доверба на Пендаровски, поставен од него за директор на Агенцијата за разузнавање. Во јавноста се лиферувани фалсификувани документи, со фалсификувани потписи, што е кривично дело, а со цел за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и со цел против изборите. Вакви зафати се дел од понудата на Асаф Еисин, консултант на СДС и на Пендаровски“, рече Стоилковски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ