недела, 20 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ повикува да се изгласаат законски измени за да нема избори во три општини

Во среда на дневен ред на Собранието на Македонија на дневен ред се ставени измените на Законот за локална самоуправа, а ВМРО-ДПМНЕ очекува и ги повикува сите парламентарни партии да дадат поддрка. Соред портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, законските измени потребни па не гледа причина да не бидат обезбедени двотретинското  мнозинство и бадентеровиот принцип на гласање.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме да се изгласа потребата од носењето на овој закон, а веднаш потоа согласно Деловникот да се запазат сите процедури. Очекуваме поддршка од сите политички партии затоа што цениме дека овој закон е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и државата, изјави Митева“, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници да го истераат мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година.

Доколку предлог законот не помине, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за избор на градоначалници, бидејќи по парламентарните избори Блерим Беџети кој беше градоначалник на Сарај реши политичката кариера да ја продолжи како пратеник, Арбен Таравари од Гостивар да биде министер за здравство, а дотогашниот градоначлник на Аеродром, Тимчо Муцунски стана министер за надворешни работи и трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ