сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Постои основано сомневање дека Груби го добил аудито затоа што влијаел врз милионски тендер

Објавено на

часот

Сподели

„Имено аудито кое е запалено го поседувала компанија на близок пријател на Артан Груби. Оваа компанија по багателна сума од 55.000 евра купува хотел на Попова Шапка од градежна компанија која во меѓувреме добива милионски тендер од владата во која Артан Груби е вицепремиер. Како круна на се Артан Груби добива право на користење на аудито 8 дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена.
И зарем во ова нема ништо сомнително за обвинителството?!
Кој дава туку така вакво луксузно возило на користење, ако се има предвид дека го купил 80.000 евра?! Дали Груби го искористил своето влијание за милионскиот тендер, дали барал градежната компанија која го добила тендерот да му го продаде хотелот на Попова Шапка по багателна цена на компанијата на својот пријател и на крајот дали за ваквиот бизнис Груби бил честен луксузно возило?
Овие прашања Груби очигледно не ги одговара, но Јавното обвинителство е по службена должност е повикано сето ова да го испита. Овде смрди на матна зделка, која ако не сега во иднина ослободените правосудни институции ќе ја проверат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ