сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Под овие услови – нема уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

„Патем кога Ковачевски ќе ја поднесува иницијативата за уставни измени нека си испечати една оставка со истата содржина која ја подготвил минатиот пат, но која му ја искинал Талат Џафери. Таа оставка очекуваме да ја поднесе веднаш по гласањето во собранието, кога ќе се утврди дека власта нема двотретинско мнозинство, а со тоа нема ни услови за отпочнување на постапката за промена на Уставот.

Џабе одолговлекуваат, џабе сеат магла, џабе купуваат време.  Под овие услови и под ваков диктат уставни измени нема да има, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат.

Без одлука на Собранието неуставна и без мандат е и работат на телото на партиските експерти од владејачките партии кои ги трошат народните пари за хонорари.  Овие наводни експерти го претворија нивното тело во желботека и џубокс за идеи, кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија.

Со други зборови власта си прави есап без народот и затоа е реакцијата на јавноста и на граѓаните. Власта треба да види, ако веќе не видела,  дека со својата самобендисаност и полтронство постојано удираат во ѕид и ја носат државата во ќорсокак. Тоа мора да се промени и ќе се промени, оваа криминална власт ќе биде казнета“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ