сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ по пресудата за Ласкарци: Поради вакви одлуки довербата во судството е само 2 отсто

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала казна од 4 години, а шестообвинетиот најголема од 14 години, рагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната одлука на Основниот кривичен суд Скопје. 

Објавено на

часот

Сподели

„После 5 години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот Дурмо Турс има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања. Само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот, шестообвинет, најголема (14 години). Само во судство на СДС и ДУИ, вештачење на пензиониран наставник од средно училиште има поголема вредност од вештачење на Машинскиот факултет. Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ, да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници. Затоа довербата во судството е само 2 проценти. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ