сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: По настаните во Ист гејт, оставка на Оливер Спасовски – веднаш!

Македонија и Скопје се небезбедни со Оливер Спасовски и СДС. Нема месец да не се случи некоја пресметка или убиство во центарот на Скопје. Седум години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не само што не презема ништо за да фати криминалците, туку и убедува дека граѓаните се безбедни, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е единствената држава каде што криминалците се штитат од власта, наместо истите да бидат санкционирани. Оливер Спасовски и МВР не можат да обезбедат мир.

Уште колку криминални пресметки и убиства треба да се случат за Спасовски да понесе одговорност и да си ја потпише оставката? Ако Спасовски не сака, тогаш Ковачевски треба веднаш да го разреши од функцијата министерот за внатрешни работи.

Сред бел ден криминалците се пресметуваат, а Спасовски си тера пи-ар и се спрема за претседателски избори. Спасовски не може да води едно министерство, а не пак цела држава.

И наместо Спасовски и МВР да бараат помош од граѓаните да го пријават лицето кое пукало во Ист гејт, нека ги праша неговите сопартијци и коалициски партнери од ДУИ, кое е лицето, бидејќи изминатите 4 години токму тие имаат најмногу фотографии со криминалците од подземјето.

Важно е да дојде до промена на власт, за да има ресет на цел безбедносен систем. Важно е да се обезбеди сигурност, мир и безбедност за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ