сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Пишман Стево, со потписот на 5-те закони покажа дека е уценет човек

Објавено на

часот

Сподели

„И тој храброста како и Ковачевски ја има оставено во некоја фиока во Мала Речица. Пред јавноста едно говореше поврзано со скандалозните измени на 5-те закони, а сосема друго направи. Поточно Пендаровски по којзнае кој пат го демантираше Стево. Ова воопшто не нѐ изненадува и зачудува, а веруваме дека и јавноста се навикна на неговото пишманење и погазување на својот збор.

Веќе на сите им станува јасно дека подизведувачот СДС, на чело со Ковачевски и Пендаровски се спремни за функција да направат сѐ, па и јавно да се понижат. Ден повеќе на функција е нивното мото, со цел некој тендер повеќе да наместат. Со измените на 5-те закони тие нема ниту да заштедат, ниту да ја забрзаат реализацијата на коридорите, туку само го дерогираат македонското право и македонскиот Устав. За ваквата неодговорна и криминогена политика следува казна на избори, а потоа и одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ