Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на Устав и ќе убедува дека тоа ќе биде последното понижување (по кој знае кој пат). Овој пат граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена. Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет. Време е за промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски велеше дека Бугарија и Грција се главни поддржувачи на интеграциите…
Стево Пендаровски е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите. Тој отиде дури и понатака, па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ. Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа. Реалноста за жал е поразителна за Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Објавено на
часот