петок, 13 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и СДС почнаа да напаѓаат жени и да шират лажни вести

Објавено на

часот

Сподели

„Најново, подло се обидоа со фотографија стара 5 години да претстават лажна слика пред граѓаните, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а жената која ја напаѓаат, има многу добри познати ставови пред јавноста, во врска со договорот под бугарски диктат, кој го прифатија Пендаровски и СДС.

Веќе нивното лицемерие не може да се измери. Истите тие кои Бојко Борисов, го нарекуваа нивен брат, а како Пендаровски милуваше да му се обраќа со ‘љубави’, народот никогаш нема да заборави.

СДС зацапа во кал. Кога веќе сакаат да го анализираат Андреј Ковачев, бугарскиот европарламентарец и негатор на македонскиот идентитет, еве им тонч.
Андреј Ковачев во Софија и Брисел ја користеше изјавата на Пендаровски како клучен доказ и поткрепа на неговата реторика дека Гоце Делчев е Бугарин. Со оваа бесрамна изјава Пендаровски им даде ветар во грб на негаторските кругови во Софија и тоа е една од неговите најголеми стратешки грешки. Едноставно Пендаровски му ги исполни влажните соништа на Андреј Ковачев и луѓето како него.
Второ, да биде поголем автоголот на СДС, истиот нивни пријател Андреј Ковачев го издвојува ВМРО-ДПМНЕ како најголема пречка на неговата негаторска и ревизионистичка политика.
Трето и најскандалозно, Стево Пендаровски со гордост се фалеше дека добивал политичка поддршка од еден лик како Андреј Ковачев. Затоа СДС треба уште денес да го прашаат Пендаровски какви му биле релациите со Андреј Ковачев, дали Ковачев го поучувал за етничката припадност на Гоце Делчев и дали Пендаровски го ‘продаде евтино’ Гоце Делчев за една политичка поддршка од Ковачев?!

На манипулаторот Пендаровски и неговата партија СДС, веќе ниту една лага не може да им помине пред граѓаните.

Тоа е повеќе од јасно, а уште појасно ќе им биде на денот на изборите, кога народот ќе им пресуди, за сите криминали и лаги, што ги вршеа овие 7 години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ