среда, 11 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ не одговори на поканата за учество во подготовката на нов Изборен замоник, реагира Министерството за праввда

Објавено на

часот

Сподели

„Работната група која ќе треба да го подготви новиот Изброрен законик ќе се формира во најкус можен рок. Министерството за правда смета дека   во нејзината работа треба  да учествува и ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението од минисгтерството.

Минатата недела министерот за правда Кренар Лога изјави дека контактирал и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со координаторот на пратеничката група на партијата, Никола Мицевски за да предложат свои експерти кои ќе работат на измени на Изборниот законик.

„Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од работната група затоа што има прашања кои треба да бидат решени особено препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе најде храброст за ова затоа што не ни се потребни уште десет години изолација. Јас предложив дури и претседателот на работната група да биде од ВМРО-ДПМНЕ. За сега одговор немам. Ќе чекаме до наредната недела да се изјаснат што ќе прават“, рече тогаш Лога.

Министерот кој доаѓа од Алијанса за Албанците тогаш се изјасни дека не е за Македонија како една изборна единица, тукуј за формирање на осум изборни единици наместо досегашните шест. Од ВМРО-ДПМНЕ таквата изјава за осум изборни единици беше оценета како неприфатлива.

                                                                                               Фото: Министерство за правда

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ