недела, 14 април 2024

ВМРО-ДПМНЕ: На собраниската седница ќе се види дека нема 2/3 мнозинство за уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

„Пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред неколку дена кажа дека за тоа како ќе настапува пратеничката група на комисијата и на седницата ќе се консултира со пратеничката група. Тој вчера во изјава за медиумите кажа дека по излегувањето во јавност и по доставувањето на предлогот за измена на Уставот до Собранието, драматично се влошува позицијата на Македонија и оти тоа ќе има влијание и во иднина. Единствен консензус што може да се направи со власта и со премиерот Димитар Ковачевски, рече тој, е за датум за избори.

Владата во вторникот до Собранието го достави предлогот за уставни измени. Интервенциите во Уставот, како што посочија од Владата, се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ. Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ