петок, 18 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ е потребна дедуизација

Објавено на

часот

Сподели

„Има можности ДУИ да реагира, можеби не да го смени од градоначалник, но на пример исклучување од партијата и слично. Дополнувањето на црната листа на САД со Мерко е сериозен показател дека тоа што го кажува претседателот Христијан Мицкоски оти на Македонија и е потребна дедуизација е нешто неопходно што треба да се случи“, рече во телевизиско интервју Петрушевски.

Петрушевски укажа дека од ДУИ се метастазирани во сите институции на правосудниот систем, како и во други институции, и изненадува што од ДУИ е наведен само Мерко.

„Ковачевски со изјавата како може да знаат во САД за Мерко, а не и домашните институции, покажа дека судството е руинирано. Сите случувања и со Судскиот совет на пример покажува вклученост, длабока вклученост на политиката. Ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш укажуваме дека некои кадри кои ги предлага Владата, претседателот за членови во правосудниот систем не се соодветни и укажуваме дека има политички, бизнис влијанија и слично“, кажа Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски укажа дека за кривичните за Мерко и молчење за истите, сите кои се вклучени во ова криење на пријавите треба да одговараат.

„Се ова покажува дека процесот на дедуизација на Македонија и е неопходен и треба да се случи час поскоро, дури и пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт. Дедуизацијата е корисна за сите“, посочи Петрушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ