„Причината за која се ставени на црна листа на САД, е тоа што Артан Груби и Енвер Беџети, се вмешани во значителна корупција преку примање мито за поткупување судски процеси поврзани со Мијалков. Со ова се докажува дека на партнерот на СДС, ДУИ воопшто не му е грижа за народот, туку и протестите пред Уставен суд се само една драма за да ги скријат своите криминали. Овие луѓе се срам за Македонија!“, пишува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот прв заменик претседател на Владата и министер за политички систем Артан Груби и неговто семејство како и судијата на Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети се новите имиња на црната листа на САД. Ова е најновата одлука објавена вчера на официјалната веб страница на американската Влада. Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на официјалната фејсбук страница на амбасадата напиша дека назначувањето на Груби и Беџети е доказ дека политичко мешање во судството не може и нема да се толерира.