сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ММФ потврди дека со СДС економскиот раст во Македонија е помал од Косово, Албанија и Црна Гора

ММФ потврди дека со СДС и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст. Со СДС Македонија има 50% помал економски раст од Албанија. ММФ во вторникот прогнозираше раст на македонската економија од 2,5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3,6%. Македонија со СДС е 80% зад Црна Гора. Растот на црногорската економија за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4,5%, во споредба со растот во Македонија од 2,5%, тоа е за 80% подобар резултат, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Со СДС Македонија е послаба и од Косово, чија економија оваа година се проценува дека ќе расте 3,8%, за разлика од Македонската со 2,5%. СДС и ДУИ не знаат да се справат со инфлацијата. Во ситуација кога истата во еврозоната е само 4,3%, во Македонија е 6,6%. Со СДС Македонија е на дното не само во Европа, туку и во регионот. Македонија уназадува со СДС. Потребни се промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ