сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Мислевме дното е достигнато, но немало крај на криминалите на семејството Ахмети

Објавено на

часот

Сподели

„Во документите кои стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека Тор индустриес, со Дрин Ахмети како сопствeник, е формирана во 2020-та година, за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани од власта во Македонија. 

Тор индустриес, заедно со уште една фирма од кланот Зајас, е вклучен во изградба на коридорот 8, а договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.

Покрај коридорот 8, Тор индустриес, фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на Коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги приграбат, според документите доставени до нас, се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Во сите овие ситуации, само блиските роднини на Али Ахмети негуваат претприемачки дух. Очигледно секогаш во позадината, на овие црни бизниси е самиот Али Ахмети, кој дава амин, а во исто време ги користи своите внуци и синот, за да се збогати уште повеќе на грбот на граѓаните.

Одговорноста доаѓа за многу кратко, а кога – тогаш Али Ахмети ќе мора да се соочи со своите постапки, преку кои тој се богати, а народот осиромашува“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ