сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Маските на СДС и ДУИ паднаа, бегаат од хрватскиот модел за уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

„Иако тие самите, ДУИ и СДС, во неколку наврати изминатата година јавно кажуваа дека хрватскиот модел е прифатлив и добар за да се имплементира сега ретерираат. И самиот Димитар Ковачевски, како и Бујар Османи јавно истакнаа дека овој модел е добар. Хрватскиот Устав е Устав на земја членка на ЕУ и ги гарантира правата на сите малцинства, и ВМРО-ДПМНЕ смета дека пресликување на истиот може само да ја зацврсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди. Толку од европските вредности на ДУИ и СДС. Самите предлагаа уставни промени по хрватскиот модел на Преамбулата, модел на земја членка на ЕУ, одбиваат и бегаат како ѓавол од темјан“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ