сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е помизерна и од Алжир, Тунис и Нигерија

Над 600.000 луѓе или секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава во Европа со инфлација 50 отсто поголема од таа во еврозоната, пресметала опозициската ВМРО-ДПМНЕ која во денешното партиско соопштение виновник за ваквата состојба наоѓа во владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Растот на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20 отсто, додека во земјите од регионот Србија, БиХ, Албанија, Црна Гора над 50 отсто, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра. Власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра. Заради СДС и ДУИ секое четиричлено семејство должи по 8.000 евра. Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа. Власта ја зголеми цената на струјата за 70 отсто од 2020 до сега. Сметка за струја од 2.000 денари во 2020 година, сега е 3.400 денари. Власта плати веќе над 200 милиони евра кон Бехтел и Енка, а почеток на градба на автопатите не е ни на повидок. Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија. Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија. Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години. Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на Европската Комисија, Стејт Департментот, германски стопанственици и странски претставници. Со оваа власт довербата во судството е само 2 отсто.  Европски фронт на ДУИ и СДС нема затоа што внукот на Ахмети, Дрин ја купи Соравија од 30 милиони без притоа да вложи денар“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ