сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски работи за приватните интереси на ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Никогаш не била спорна потребата за изградба на Коридорите 8 и 10д, спорно е што ќе се потрошат неколку милијарди евра за спорен договор, договорен без тендер, во 4 очи со бројни сомнежи за корупција и тоа на грбот на граѓаните. Додека народот зема 250 евра плата, специјалистите договорени со договорот на Ковачевски и Груби ќе земат 36 илјади евра месечно. Спорно е и што македонските градежни компании ставаат клуч на врата, а компанијата која владата ја договори ќе земе над 300 милиони евра аванси и пенали без фрлена лопата. Историскиот проект завршува со историско крадење.

Не е во прашање блокада на проектите од опозицијата, туку блокада за криминал и неспособност.

Што се однесува до лидерската средба Ковачевски треба да се однесува посериозно. Не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, стокмени и напишани, по бугарски терк, а премиерот зборува за лидерска средба.

И не е точна тезата на Ковачевски дека ако не се случат уставните измени ќе имаме изолација. Изолацијата веќе Ковачевски ја донесе со прифаќање на сите бугарски диктати. Кога нема да се случат уставните измени единствено што е сигурно дека Ковачевски ќе треба да даде оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ