сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не смее ниту збор да изусти за криминалите на Ахмети и кланот Зајас

Објавено на

часот

Сподели

„Ковачевски молчи и за тоа како Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети, кои ја формирале компанија Хелиос и сопствената банка ја известиле дека ќе градат фотоволтаична централа, како и дека имаат дозвола од страна на државните институции и дека планираат јавно приватно партнерство за централата е изградбата на фотоволтаична централа од 60МW во Кичево, вредна 35 милиони евра. Без одобрување и поддршка од Ковачевски и Ахмети никој не може да даде усмена гаранција дека нивниот бизнис ќе биде реализиран и тоа со финансиска помош од владата на СДС и ДУИ. Зошто Ковачевски молчи? Дали фотоволтаичната централа треба да се гради со панели од Пиксле груп, формирана од него? Дали заради интерес Ковачевски молчи и го аминува криминалот на кланот Зајас?

ЈПП за изградба на фотоволтаична централа дава владата, кланот Зајас не може без Ковачевски да ја реализира замислата. Дали Ковачевски е соучесник во бизнисот, затоа што и тој има интерес од сето ова? Ковачевски е директен учесник во криминалиите на ДУИ и Ахмети.

На граѓаните не им треба премиер како Ковачевски кој го аминува криминалот на ДУИ и Ахмети и кој нема храброст јавно да зборува за криминалиите на Ахмети и ДУИ, само за да опстои на власт и да ги ужива бенефитите на функцијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ