сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби прифатиле да плаќаат 200 милиони евра ако не променат закони во корист на „Бехтел и Енка“

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно Ковачевски и Груби брзаат за да ги покријат свои лоши политики и обврски кои ги презеле. Имено еден од законите кој Ковачевски и Груби брзаат да го изменат е законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела. Притоа Ковачевски и Груби се обврзале дека доколку не го направат тоа ќе се исплаќаат огромни пенали кон изведувачот. Овие пенали се состојат од еднократна исплата на 53 милиони евра, плус 2,1 милион евра месечно во текот на изградбата и згора на се пролонгирање на рокот за изградба кој ќе надмине 5 години. Вкупниот износ на пеналите кои Ковачевски и Груби ги прифатиле е околу 200 милиони евра дополнителни средства за изградбата на коридорите само заради една неспроведена законска измена“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ