сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е тажен лик кој го интересира само личниот интерес

Објавено на

часот

Сподели

„Последниот скандал со Бујар Османи покажува дека оваа власт ниту почитува правна држава, ниту владеење на правото. Погазува се што е нормирана одредба во Македонија и за тоа нема никаква санкција. Бујар Османи на состанок со неговиот шпански колега, министерот за надворешни работи единствено говорел на албански јазик, иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик. Ковачевски сето тоа немо го посматра и ќути.  Ковачевски немо гледа како министер го крши Уставот и користи албански јазик во меѓународна употреба и нема да изусти ни збор. Чија држава и дипломатија претставува Османи!? Дали Ковачевски има ингеренции да разрешува министри од ДУИ, или ие не одговараат пред него за нивната работа?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата смеаат дека премиерот Димитар Ковачевски е „еден тажен лик во Владата кој освен личниот интерес ништо друго не го интересира. Тој не може ни своите министри да ги води, а не пак ќе ја води Македонија“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ