сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ: И непостапувањето според процедурите во истрагата е кривично дело

„Прикривање докази е кривично дело, но и непостапувањето согласно процедурите исто така. И двете нешта треба да ги загрижат СДС“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Токму тие се власт и токму нивни кадри ги раководат институциите кои ако не направеа пропусти, ако реагираа на време или ако не го штитеа и охрабруваа Палчо немаше да дојде до оваа трагедија. Впрочем ако пред 7 месеци беа санкционирани Палевски и истата негова група за нелегално копање артефакти во Демир Капија и поседување нелегално оружје, немаше да дојде до оваа трагедија со изгубени два невини животи.

Но СДС одбра да со неказнивост и сеење на токсична атмосфера да им го чисти патот на радикални медиуми и контроверзни ликови како Палчо да бидат опозиција на опозицијата. Негуваа монструм добија Франкенштајн и тоа ќе им тежи на совест“, се вели во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ