„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажува својата европска ориентираност и присуство на најважните настани во ЕУ. Овој конгрес се смета за најголемиот европски собир кој се случува затоа што станува збор за собир на најголемата партија во Европскиот парламент, тоа е Европската народна партија, каде што ВМРО-ДПМНЕ е членка“, вели Андоновски.
Конгресот е многу е важен затоа што се избира водачот, предводникот на листата на ЕПП за следните избори на ЕП, рече Андоновски.
„Тоа ќе биде токму Урсула Фон Дер Лаен и се очекува дека и ние ќе ја дадеме поддршката за вкупните случувања во ЕУ, за подобра ЕУ, за ЕУ која е ориентирана кон Западниот Балкан, ЕУ која вистински ќе се грижи за реформи, за економски реформи за напредок, но во исто време ќе ги вклучува и земјите од целиот Западен Балкан при што и Македонија“, рече тој.
Андоновски информираше дека на оваа посета ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со претседателот на ЕПП Манфред Вебер, претседатели и премиери на држави од регионот и од Европската унија.