сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано, Талат Џафери да биде новиот технички премиер

Техничката Влада, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе биде изгласана, но ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од гласање за Талат Џафери, претседател на Собранието, кој е предлог на ДУИ за технички премиер. Мицкоски рече дека не го ценат тоа што тој го направил во Собранието.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

На денешната средба со дел од медиумите, Мицкоски рекол дека партијата сѐ уште нема конечна одлука дали ќе ги повлече своите членови од Државната изборна комисија (ДИК) доколку не биде изгласан предлог за член на ДИК на албанската опозиција. Мицкоски вели дека проблемот настанува кај членовите на Избирачките одбори, но би можело да има проблеми и при набавката на софтвер за биометриските апарати за гласањето на 8 мај, доколку има изјаснување и за претседател и за парламентарни избори. Може да се случи, појаснува тој, на пример некои од гласачите да не сакаат да гласаат за претседател туку само за парламентарни избори. Во таков случај излезноста треба поинаку да се забележува, пренесува МИА.

Мицкоски пред новинарите посочил на анкета правена за нивни потреби во ноември врз основа на која на гласање би излегле околу 900.000 гласачи, актуелната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ би освоила 51 до 54 пратенички мандати на изборите во 2024 година, СДСМ, актуелната коалиција предводена од СДСМ меѓу 26 и 29 пратенички места. Доколку СДСМ е во коалиција со ДУИ, Алијанса и со ДПА би имале 41 до 43 мандати. Левица шест и Знам на Максим Димитревски исто толку, Европскиот сојуз за промени 10-11. За мандатите на ДУИ, вели дека ќе бидат нешто над десет и дека тие ќе бидат многу непријатно изненадени.

Во однос на неопределените, рече дека тие во ноември биле 15,6, со одговор одбивам да одговорам биле 12, 6 додека со не би гласал одговориле 20, 5 отсто од испитаниците.

Според Мицкоски, како ќе се одвиваат парламентарните избори многу зависи од изборите на 24 април односно кој претседателски кандидат ќе победи. Но, исто така е многу важно што ќе се случи во месеците до изборите. Тој, како што кажа, очекува валкана кампања.

ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не открива кои ќе бидат нивните кандидати за техничката влада на министерските позиции на внатрешни работи и труд и социјална политика, и во дополнителните заменици министри. Мицкоски исто така не ги открива и кандидатите за претседател и најави дека партијата официјално ќе го соопшти неговото име на конвенција на 2 март 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ