сабота, 19 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти „техничките“ владини функционери, а Џафери процедурите до изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ќе одржи ад хок координација, на која, како што информираа од Собранието, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада. Потоа Џафери ќе има неформална средба со претставници на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ пак, се очекува да ги соопшти имињата на

Објавено на

часот

Сподели

Активностите во Собранието, како што беше претходно најавено се следни: констатирање на оставка на претседател на Влада (Димитар Ковачевски) и претседател на Собрание (Талат Џафери), избор на нов претседател на Собрание (Јован Митрески), информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада (Талат Џафери), избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5.

До недела на полноќ (28 јануари) земјава треба да добие трета преодна влада која ќе ја предводи Џафери. Како што изјави вчера, премиерот Димитар Ковачевски оставка ќе поднесе утре, со што во оставка ќе биде целата влада. Се очекува на средбата со новинарите Џафери да соопшти кога тој ќе поднесе оставка.

Собраниски избори, претходно информираа дека на новата собраниска седница закажана за в петок, ќе бидат констатирани оставките на Ковачевски и на Џафери и дека тогаш ќе биде извршен изборот на новиот претседател на Собранието Јован Митрески од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека по Извршниот комитет на партијата вечерва ќе ги соопшти имињата на техничките министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика и дополнителните министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечер треба да одржат седница на Извршниот комитет на партијата и да ги соопштат имињата на техничките министри.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше овластен од Централниот комитет на партијата во консултација со Извршниот комитет и други истакнати членови на партијата, но и со пошироки општествени чинители, да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.

Пратеничката Дафина Стојаноска синоќа во телевизиска емисија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи имиња за техничка влада, но нема да гласа за премиер.

„Ако се држиме до законот или до принципите и ставовите ВМРО-ДПМНЕ нема да ретерира од ова што го кажа. Исто така ние и предложивме и воопшто да нема техничка влада односно ќе требаше да се случат измени на Изборниот законик, тоа не се случи и токму заради тоа почитувајќи го законот ќе предложиме наши имиња, но никаде во закон не стои обврска дека пратеници од опозицијата се задолжени да гласаат ЗА техничка влада“, рече пратеничката.

Претседателот Стево Пендаровски синоќа во интервју за Алсат – М изјави дека политички преседан и некоректно е да учествуваш во Влада, а да не ја гласаш.

„Или се согласувате, или не се согласувате на техничка Влада. Можете да кажете не сакаме да даваме воопшто луѓе, но не може да го спориш предлогот кој според Законот за оваа Влада го дава парламентарното мнозинство. Ако тие предложат да биде Талат Џафери, твое е само да кажеш учествувам, или не. Не може да го спориш како поединец, или како личност“, изјави претседателот Пендаровски.

#image_title

Тој изрази надеж дека ни власта ни опозицијата нема да ја комплицираат работата овие неколку дена до изборот на новата тн. пржинска Влада.

Техничката влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори. Подготовките и кадровското екипирање на техничката влада се во тек, и се очекува да финишираат до петок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ