сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара од Уставен да го стави вон сила Законот за патни исправи

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе претставка до Уставен суд за ставање вон сила на Законот за патни исправи, затоа што, како што најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, не може да се стигне да се направи замена до февруари кога истекув рокот за замена на личните документи со називот „северна“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Последните информации кои што ги добивам, а еве го повикувам и МВР и надлежните да се произнесат е дека се издадени милион и 200 илјади патни исправи до овој момент. И остануваат некаде околу милион и 300 илјади патни исправи кои што треба да се заменат. Од тие милион и 300 илјади кои што се преостанати само за сликање ако се земе во предвид дека дневно има 4.000 барања потребни се најмалку година дена. Така што е невозможно тоа да се стигне во февруари“, рече Мицкоски од Вевчани.

Мицкоски додаде дека нова набавка на обрасци нема и дека новите ќе стигнат во месец март.

„Во понеделник ќе поднесеме претставка пред Уставниот суд за ставање вон сила на Законот за патни исправи Доколку Уставниот суд сака да ја реши работата може веднаш да свика седница и да разговара по претставката која што ќе ја поднесеме и да ја стави вон сила законската уредба. Но, тоа е сепак одлука на Уставниот суд, не би сакал да се мешам во работата. Ако се сака да им се помогне на граѓаните има начин како може да се помогне“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ