сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска, Дамева, Русковска, Абази… се само извршители на СДС и ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Кон крајот на 2020 година беше изборот на Добрила Кацарска за судија во Уставниот суд, а веќе во мај 2021 година беше избрана за прв човек на Уставниот суд. Кацарска и веќе поранешната обвинителка Вилма Русковска се синоним за пристрасност во судството.

Прв човек на Судскиот совет е повторно Весна Дамева. Дамева е судија која самата за себе вели дека е симпатизер на СДСМ.

Првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал Ислам Абази е човек кој за Али Ахмети вели дека го знаел од видување, а сликан е со него во домашна атмосфера. За Абази повеќе се зборуваше при неговиот избор отколку потоа, а неговиот мандат по изборот на крајот на 2022 година изминува само со неколку соопштенија и тоа е во период кога Македонија добива низа на забелешки од меѓународниот фактор за состојбата со корупција во државава.

Власта предводена од СДС и ДУИ ги истурка и измените на Казнениот законик за кои холандскиот амбасадор рече дека со нив се обезбедува неказнивост на многу високи функционери и се отфрлаат многу случаи поврзани со корупција.

Ова се дел од лицата кои се синоним за судството во Македонија, а кои се познати по извршување на желбите на СДС и ДУИ.

Власта предводена од СДС и ДУИ целосно го уништи судството, а довербата во правосудниот систем никогаш не била помала или е само околу два проценти што е во рамки на статистичка грешка.

Граѓаните за седум години владеење на СДС и ДУИ од премиерите Зоран Заев и актуелниот Димитар Ковачевски слушаа само „го отворив судството како пупка“, „јас како премиер и Владата ниту сме се мешале, ниту ќе се мешаме во судството“.

Состојбата во правосудниот систем во Македонија никогаш не била полоша. Важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ