сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска да стане пратеничка на СДСМ, а не претседателка на Уставниот суд

Објавено на

часот

Сподели

„И двете слугувале како извршители на политичката агенда на власта на СДСМ и ДУИ и двете беа наградени за судско-обвинителскиот терор што го извршија врз неправедно обвинетите за 27-ми април. 

Ако не може да се воздржи од политички изјави во корист на СДСМ, Кацарска може да даде оставка и да стане кандидат за пратеник на СДСМ на изборите догодина, а по поразот може и да претендира на позицијата лидер на СДСМ.

Имајќи предвид дека е единствениот во свет претседател на Уставен суд кој претходно бил казнет од Уставниот суд, Македонија може само да добие со нејзиното заминување од функцијата која не ја заслужува, туку и е награда за спроведување на наредбите од СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ