петок, 25 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на ДУИ да излезе од Влада, Левица тврди дека Мицкоски не е искрен докрај

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот Христијан Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале нејќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни“, категорични се од опозициската партија.

Од Левица пак велат дека по денешната лидерска средба помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски само нивната партија останала таа што не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство.

„Владата нема легитимитет. Првпат го загуби во 2020 година на локалните избори, потоа добивме неизбран премиер, кој со својата нелегитимна влада беше целосно нетранспарентен во изготвување на францускиот предлог со Софија во посредништво на Париз, и сега имаме ситуација каде постои консензус за францускиот предлог, но се работи на поларизација на нашето општество. Се движиме кон криза на демократијата. Ова е авторитарен режим. Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, само Левицата ќе остане партија што не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство“, изјави  Мециновиќ.

Во однос на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, оцени дека имал многу променливи изјави за уставните измени.

„Пратеници потпишуваа изјави на нотар, потоа нудеше предвремени избори и да се стават уставните измени во предизборните програми и на крајот неговиот Извршен комитет сабајлево излезе со изјава дека не ги прифаќаат уставните измени под бугарски диктат. Но, тоа е само изјава за членството, кое сепак е свесно за одлуките на раководството. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има улога во исполнувањето на софиската платформа“, рече Мециновиќ.

За условот на Мицкоски за влез во Владата ако излезе ДУИ, Мециновиќ посочи дека опозицискиот лидер не е во целост искрен.

„Иако на ВМРО-ДПМНЕ сега му е проблем да биде со ДУИ во Владата, совршено функционираат како партнери во Советот на Велес“, појасни Мацановиќ.

Левица смета дека и македонската дипломатија не може да одговори на предизвиците кои произлегуват од односите со Бугарија.
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ