сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ им пиша на европските функционери, евроамбасадорот Гир загрижен за употребата на европското знаменце за законите за автопатиштата

Објавено на

часот

Сподели

„Со ваквата злоупотреба на Европската Унија (ЕУ) знамето се прави штета на Буџетот, се урива довербата на граѓаните во државата, а истовремено се девалвира и угледот на ЕУ во македонското општество. Особено загрижува што Договорот за коридорите на Артан и Ковачевски е спротивен на обврските што Македонија ги превзела кон ЕУ со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, од главата 6, транспарентност на јавните договори, еднаквост на пазарот и забрана за државна помош на повластени претпријатија“, кажа на прес конференцијата, Милошоски.

На писмото се потпишани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во него меѓу другото пишува дека потпишаните пратеници се загрижени за „присвојувањето на собраниската процедура во врска со владиниот Договор за коридорите 8 и 10 д“.

„Во март 2023 година, владата потпиша ексклузивен договор со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д без јавна набавка. Потпишувањето на овој договор отвори основани сомненија за висока корупција помеѓи некои од членовите на владата. Иако побаравме договорот да ни биде доставен на увид тој сѐ уште е таен и не им е доставен на пратениците кои имаат обврска да ја контролираат владата. Нетранспарентниот договор и потезите на владата се загрижувачки затоа што не се бо согласност со обврските што државата ги презела со Договорот за асоцијација и стабилизација“, пишува во дописот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен до Дејвид Мекалистер претседател на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, писмото е упатено и до Урсула фор де Лејен, претседателката на Европската комисија, Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и добрососедство, Илхан Ќучук, известувач за Македонија како и до евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир.

Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Нѐ загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање, по одбележување на почнувањето на проектот „Поддршка за реформите во шумарството во Северна Македонија“.

Според Гир, европското знаменце постои бидејќи на патот кон ЕУ, Македонија, но и другите држави, треба да усвојат повеќе делови од законодавството, за што е потребно многу време во Парламентот.

„Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце. Европското знаменце може да го користите кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ.  Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ“, рече Гир.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ