петок, 26 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги почнаа разговорите

Синоќа во просториите на движењето ЗНАМ – За наша Македонија била одражана средба за соработка на ниво на потпретседатели на партии на која се разговарало за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЗНАМ на средбата присустувале генералниот секретар Горан Минчев и потпретседателите Весна Бендевска и генералот Павле Арсоски, а од страна на ВМРО-ДПМНЕ, потпреседателите на партијата Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на движењето, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската Унија на достоинствен начин. Потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција. Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи“, соопшти ЗНАМ за средбата.

Вчера од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека преговорите меѓу коалициските партнери за идната Влада се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од Струга порача дека новата влада ќе промовира и застапува единство и обединување на креативниот и прогресивен потенцијал. Неговата цел, нагласи дека е надминување на сите поделби, победа на омразата и апсолутна и неселективна одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ, претходно излезе со став дека имаат консолидирано 61 пратеник. Новата влада, како што претходно најавија од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде формирана до 20-ти јуни.

За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Влен 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ