четврток, 13 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се скараа, кој ги штити Јахоски и Капушевски, осомничените за 167 милиони евра криминал

СДС и ДУИ обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза, обвини денеска преку партиско соопштение, владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската СДСМ вратија веднаш и исто така преку партиско соопштение ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека за девет месеци власт со компанијата Пуцко Петрол која е во сопственост на еден од осомничените, Асмир Јахоски за криминал вреден 167 милиони евра склучила 170 тендери. На 20 декември 2019 година МКД.мк објави текст за тоа како компанијата РКМ Скопје во Македонија во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори од Хрватска, кое претставува опасен отпад. Ова за редакцијата тогаш го потврдија хрватските власти, но не и македонската царина која ни одговори дека „нема основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“.

Објавено на

часот

Сподели

„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица ги штитат криминалците од СДС и ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра. Судиите и обвинителите измеќари на СДС и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и опструираат процесите и правдата. Мазут мафијата, во која се вмешани високи функционери од СДС и ДУИ, преку организиран криминал и системска корупција, екстра профитирала и го труела народот со канцероген мазут. Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити како Јахоски поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут, поради екстра профит и направиле криминал тежок 167 милиони евра. Корумпираните судиите и обвинителите работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат  нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно. Корумпираните судии и обвинители ги штитат функционерите од СДС и ДУИ и нивните милионски бизниси и имот стекнати на криминален начин и не дозволуваат институтот правда да завладее. Време е да се стави крај на системската корупција и организираниот криминал и секој функционер којшто сторил криминал да одговара. Спрегата помеѓу правосудството, СДС, и  ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат. Времето на криминалци во политиката заврши“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската СДСМ вратија веднаш и исто така преку партиско соопштение ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека за девет месеци власт со компанијата Пуцко Петрол која е во сопственост на еден од осомничените, Јахоски за криминал вреден 167 милиони евра склучила 170 тендери.

„Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ. Капушевски е долгогодишен поддржувач и ‘дете на Груевски’, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури. Пуцко петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат. Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ. СДСМ дава поддршка на истрагата и очеквуаме целосно расветлување на случајот. Секој кој се огрешил треба да одговара“, велат од СДСМ.

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ОЈО ГОКК) спроведе обемна полициска акција во врска со сомнителни набавки на деривати. Во акцијата, спроведена на 10 март 2025 година, на територијата на Скопје, Битола и Кичево, беа уапсени 11 лица, додека едно лице е во бегство, а друго веќе се наоѓа во притвор. Меѓу нив, како што објавивме се Васко Ковачевски кој е во бегство, бизнисмените Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ, Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол, Ерџан Сулкоски, партнер со Куштрим Смајлај кој е зет на Али Ахмети, Никола Стојановски, Емил Пецаков, Марија Нешовска, Благица Марковиќ, Ружди Рамадани, Душица Сеизовска Јовановиќ, Добрила Стефаноска, Данчо Стојановски…

Завчера, Основниот кривичен суд Скопје на трјоца од осомничените меѓу кои и бизнисменот Ратко Капушевски им определи мерка пртивор. На Асмир јахоски првичното барање за притвор му беше заменето со куќен притвор. На седуммина им беа изречени мерки на претпазливост. Еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор за случајот „Адитив“, а поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски е во бегство.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Кривичен се скараа кој го пушти во куќен, наместо во ефективен притвор Јахоски, газдата на Пуцко Петрол. Сомнежите се дека наместо притвор на Јахоски му е изречена мерка куќен притвор откако за тоа ургирал шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ