недела, 5 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Груби, Ковачевски, Деспотовски… оставија криминал и пустош

СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото. Изминатиов период на виделина излегоа неколку криминални случаи, од кои јасно се гледа како СДС и ДУИ ја ограбувале државата. Од милионскиот криминал на Артан Груби во Лотарија, преку милионските тендери на Васко Ковачевски во РЕК Битола, до криминалните договори на Јован Деспотовски во ТИРЗ, милиони се испумпани од државата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС и ДУИ на државните претпријатија гледале како на колач за делење. И додека СДС и ДУИ правеле финансиски криминал во институциите, оставиле на улиците да дивеат банди, кои сега веќе се зад решетки. Презафатеноста со милионските тендери на СДС и ДУИ, наместо со спроведување на законот, допринело криминалци да се пукаат по улици. Сето ова сега е минато.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за краток период успеа да покрене постапки за одговорност на голем број криминали, а владеењето на правото функционира. Продолжува борбата со криминалот и корупцијата. Одговорност за секој кој сторил криминал ќе има“, соопшти партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ