среда, 18 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Груби да се врати и да докаже дека е чист како солза

Артан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд колку е чист како солза како што самиот тврди, и доколку има храброст да се соочи со доказите, повикува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери во изминатите години. Нема скандал, а да не се поврзува со името на Груби. Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и за зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал, стекнат на криминален начин. Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, за да докаже колку е чист како солза, додава партијата“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата. 8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Перпарим Бајрами како директор на Лотарија. Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза, како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд, доколку има храброст. Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има. Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДСМ и ДУИ мора да има.

Време е за унапредување на демократијата, владеење на правото и правдата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ