сабота, 28 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ го повикува мнозинството да се изгласаат законите за акцизи и за ДДВ

Објавено на

часот

Сподели

„Власта во текот на вчерашниот ден потврди дека нема допир со реалноста. За првпат во историјата литар бензин чини над 100 денари, а ни дизел горивото не заостанува многу и чини 95 денари за литар.

Од утрово и цените на основните прехранбени производи брашно, зејтин, месо, јајца, леб, ориз, млеко се повисоки за најмалку 5%.

Инфлацијата во април кога имаше некакви мерки беше 10,5%, колку ли ќе биде за јуни со вакво ценовно цунами кое ни се случува?!

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија познавајќи колку власта е неодговорна изработи два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

Единствена цел на власта е успешно спроведување на операцијата спасување на владеачката коалиција, а граѓаните за жал се колатерална штета“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика пратениците од мнозинството заедно на итна седница да ги изгласаат предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност.

„Цената за литар Еуросупер 95 е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар. Цената за литар Еуросупер 98 е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари. Цената за литар Еуродизел е 95 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 76 денари“, додаде Стојаноски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ