сабота, 27 јули 2024
На прес-конференција

ВМРО-ДПМНЕ го повика ЈО да истражи кој пуштил отровен зеленчук од Албанија да влезе во државава

Објавено на

часот

Сподели

Откако го урнисаа македонското земјоделство и го направија увозно зависно, почнаа да увезуваат отровен зеленчук од соседството. До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното.Тоа се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница. Според наши сознанија неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет“, вели Трипуновски.

Тој додава дека Јавното обвинителсто мора веднаш да реагира.

Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија. Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта? Ваква операција на труење на сопствените граѓани, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски. Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски. Оставки за овој скандал мора да има“додава тој на прес-конференција.

Редакцијата на МКД.мк во саботата објави документ со анализа на домати направен во лабораторијата на Факултот за ветеринарна медицина во Скопје покажува дека во земјава сепак влегле домати со недозволена концентрација на пестициди. Пред десетина дена на социјалните мрежи се појави информација дека 10 камиони со небезбедни домати со потекло од Албанија се увезени во Македонија и дека се опасни по здравјето на луѓето, но Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека тоа е лага. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ