сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмарната ќе се плаќа

Објавено на

часот

Сподели

Социјалдемократскиот сојуз треба да биде потполно свесен дека тоа што го предлага нема никаква законска основа, одговара Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ на предлогот на советничката група на СДСМ за замрзнување на наплатата на фирмарината за Скопје.

 

„Овој предлог е популистички, бидејќи СДСМ иако во времето кога го управуваше градот имаше можност да ги преземе мерките што сега ги предлага, тие не само што тоа не го направија, туку и ги зголемуваа трошоците на бизнис-претпријатијата. СДСМ кога е на власт, ги зголемува даноците, а кога е во опозиција, сака да ги избрише. Треба да се знае дека плаќањето фирмарина е законска обврска. Градот Скопје не ја зголеми, туку минатата година ја намали фирмарината и сега изнесува само 200 денари месечно за трговец поединец и 580 ден месечно за фирмите“, изјави Лазаровски, претседател на ОК Карпош на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ