понеделник, 20 мај 2024
Според проекциите на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ досега со 59 пратеници, СДСМ со 19

По изброени 85,66 отсто од гласачките ливчиња, ВМРО-ДПМНЕ досега има освоено 59 пратенички места, вели пресметката на сајтот на Државната изборна комисија. СДСМ според истата пресметка засега ќе има 19 пратенички места во идниот парламентарен состав.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата Европски фронт на ДУИ ќе има 18 мандати, а коалицијата Вреди – 13.

Политичката партија Левица според досега изброените гласови ќе има 6 мандати, а движењето ЗНАМ ќе има 5 пратенички места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ