четврток, 6 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Дали пасијата на СДС за полемики за авиосообраќајот потекнува од приказните за авиокомпанијата на нивниот неформален лидер Заев?

Во партиско соопштение од партијата ВМРО-ДПМНЕ отвораат прашања за јавноста, но пред сè до опозициската СДСМ, за „приказните“ за врските на нивниот поранешен лидер Зоран Заев со звиобинисот на глобално ниво. Од СДСМ очекуваат одговори, но порачуваат дека институциите не треба да чекаат и да ги проверат наводите.

Објавено на

часот

Сподели

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови.

Можеби таа пасија доаѓа од приказните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авио компанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сè уште постојат во една од постојните авиокомпании.

Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чија била сопственоста и како нивниот сè уште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија?

Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај?

И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании?

Од СДС нека си проверат, и нека одговорат, ќе ги почекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ