сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Да се стопира набавката на транспортните хеликоптери

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада. Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.

Дополнително никој не знае како е избрана фирмата Леонардо, и зошто не се изберени другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.

Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.

Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ