Според ВМРО-ДПМНЕ, Чупеска и останатите во СДСМ треба да знаат дека партијата не можат да ја вратат во живот со штури напади и излитени и веќе слушнати фрази кон власта.
„Чупеска и останатите потрчковци на Зоран Заев во СДС, треба да знаат дека партијата е таму каде што е, поради практикувањето на власта на старо-новите партиски челници и доведување на Македонија подредена состојба и во економски, општествен и морален хаос. Чупеска се става во одбрана на неодбранливите политики на владеењето на СДС кои ја уништија и деградираа државата и институциите. Кој ќе и верува на Ана Чупеска дека ќе работи и ќе придонесе за општото добро, кога како новопоставена потпретседателка на СДС се стави во функција на одбрана на судско-политичката и бизнис мафија на чие чело се кланот на Заеви. Политиките и седум годишното владеење на СДС, кое што Чупеска го брани и промовира, од државата расели стотици илјади македонски граѓани. Како Чупеска ќе излезе пред граѓаните, а и пред чесните членови на СДС, да ја бара довербата и да нуди решенија за подобрување на состојбите кога таа, сега брани уништено судство со 2 отсто доверба?“
Штета е, како што велат од партијата, што како универзитетски професор, Ана Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото и со тоа да се стави во одбрана, како адвокат на судско-политичката и бизнис мафија која ја уништи Македонија.
Претходно Чупеска изјави дека „ништо што беше ветено во кампањата од ВМРО-ДПМНЕ не е испорачано, а гледаме повторно враќање на старите режимски политики“.