сабота, 27 јули 2024
Реакција на изјавите на градоначалникот на Карпош

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно, Јакимовски беше восхитен од партиското седиште кога беше во коалицијата

Чудно е што овие ставови Стевчо Јакимовски не ги имаше кога беше чест посетител на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, па со восхитување зборуваше за истото, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите што ги даде Јакимовски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи го „бетонско чудовиште од налудничав проект“.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на архитектонскиот стил на седиштето, Јакимовски треба да се обрати на друга адреса, а тој многу добро знае која е таа адреса.

Јакимовски да се одлучи дали ќе го поддржува идејниот творец на барокот или ќе го напаѓа.

Ја разбираме задачата која што Ковачевски му ја има дадено на Јакимовски, но тој треба да се праша дали навистина вреди да оди толку ниско, да се валка во кал, за да си ја плати својата слобода“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со изјава како реакција се огласи и Адријана Јакимовска Панчевска, советничка во Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

д

„Доколку Стевчо Јакимовски сака да бара бетонски зданија нека се слика пред сите бетонски зданија во Карпош кои се врзуваат со неговата работа. Туку, одговорите на дилемите да ги побара на друго место. Бетонизацијата на Стевчо Јакимовски не ја пратат инвестиции во делот на проширување на капацитетот на атмосферската канализација, водоводната мрежа, напротив за зграда повеќе на урбаната мафија се руинира животот на граѓаните кои веќе живеат во општина Карпош. Со Стевчо Јакимовски во Карпош нема нови паркови, нема нови зелени површини, само бетонизација. Изговорот дека зад ДУП-от се кријат нови паркинг места е само блед обид да го протне бетонското чудовиште кај Алумина. Јакимовски единствен интерес кој го има е штанцање на што повеќе маркици за згради на нему добро познати инвеститори, а не за интересот на квалитетното, урбаното и хумано живеење“, рече Јакимовска Панчевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ