сабота, 27 јули 2024
И денеска немаше состанок на работните групи

ВМРО-ДПМНЕ чека лидерите од Вреди да се искоординираат, па да почнат преговорите

Раководствата на партиите од коалицијата Вреди сѐ уште се координираат, па најавениот почеток на преговорите на работните групи на оваа коалиција и на ВМРО-ДПМНЕ не се одржа ни денеска. Засега е познато дека се договорени само основните принципи на евентуалната нова владина коалиција, евроинтеграциите, владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата, но најавениот почеток на преговорите не се одржа ни денеска, ни вчера.

Објавено на

часот

Сподели

Во меѓувреме координацијата засега продолжува само телефонски, а се очекува и промена на бројките во однос на бројот на пратениците на победничките партии. Има неофицијални најави за премини на пратеници од ДУИ и СДСМ во најверојатно идните владини коалициски партии ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Во јавноста се шпекулира дека тоа се пратеници од ЛДП и НСДП, од турската и други партии од коалицијата на ДУИ.

Од Вреди веќе најавија дека очекуваат уставните измени, поврзани со условите за членството на Македонија во ЕУ, мора да се случат до крајот на годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ