среда, 23 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара оставките на министрите на ДУИ да се безусловни, СДСМ вели Мицкоски е на потег

Објавено на

часот

Сподели

„Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи сѐ друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени, реагираа од СДСМ.

„Ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани. Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата. Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат. Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација“, велат од СДСМ.

А лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва ја повика Алијанса за Албанците (АА) и нејзините функционери да поднесат оставки од Владата затоа што, како што вели Ахмети, „ДУИ не е сама на патот кон членството на земјата во ЕУ“.

Лидерот на АА, Арбен Таравари за ТВ 21 изјави дека Алијанса за Албанците е автономна партија и одлучува во структурите на партијата, почитувајќи ја само волјата на членството и граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ