„Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да се обидуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал“, изјави Дафина Стојановска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа кажа дека Џафери најмалку што можел да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата претседател на Собранието.
„Сакаме да му порачаме на Џафери дека колку и да бега од одговорност и да се обидува да се заборави овој скандал, дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го следи, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетуваме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели што ги имало Собранието“, рече Стојановска.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ исто така го повикуваат и „Панчо Минов да не одолговлекува и да закаже седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што ќе се расправа за санкции по повод прекршувањето на етичкиот кодекс од страна на Талат Џафери“.