сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување од придонеси на плата за медиумските работници

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ при расправата за Буџетот за 2024 година најавија дека ќе поднесат амандман со кој ќе побараат сите медиумски работници да бидат ослободени од плаќање на придонесите.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Со амандманот ќе побараме сите медиумски работници да бидат ослободени од плаќање на здравствено и пензиско осигурување. Исклучок од ова ќе бидат медиумските работници од јавните сервиси МТВ и МИА затоа што тие се корисници на Буџетот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму пресметале дека тоа ќе ја чини државата 10 милиони евра годишно.

„Ако не биде прифатен нашот амандман тогаш ВМРО-ДПМНЕ ветува дека нашата Влада по изборите ова ќе го обезбеди тоа веќе од јули или август 2024 година“, велат од партијата.

Идејата, според нив е, сопствениците на медиумите да ги зголемат платите на сите медиумските работници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ