„Ретко кога сме изненадени, но не очекувавме дека за толку брзо ќе излезе вистината на виделина, и да се добие потврда за ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека ЈСП е бунар без дно, и дека покрај изгласаните 700 милиони денари субвенции Арсовска уште не исплаќа плати за вработените на ЈСП.
Очекуваме да излезе Арсовска и да каже зошто нема плата, како што воодушевено и полетно излезе кога организираше протести пред советот против ВМРО-ДПМНЕ и кажуваше пред вработените, смеејќи и покажувајќи лажен триумфализам преку оградите, дека го спасила ЈСП.
Исто така не очекуваме ништо ниту СДС, Левица и ДУИ кои срдечно ги поддржаа седумстотини милиони денари субвенции, и во исто време водеа хајка против ВМРО-ДПМНЕ и градеа среќа и профитираа врз туѓата несреќа.
Тонат како брод среде отворено море.